недела, 25. февруари 2018. Вести денес: 51
home Ракомет

Србија го победи Исланд- само ова сценарио го носи нашиот сосед во главната фаза!

Србија го победи Исланд- само ова сценарио го носи нашиот сосед во главната фаза!

Српските ракометари го совладаа Исланд со 29:26 во третото коло од ЕП во Хрватска, со што ги задржаа теоретските шанси за пласман на едно од првите три места во групата и пласман во главната фаза.

Србите имаа шанса сами да си одлучат за својата судбина, но не успеаја да победат со четири погодоци разлика, колку што беше потребно за да не зависат од исходот на мечот меѓу Хрватска и Шведска во 20:30 часот.

Србите во последните секунди од мечот имаа напад за плус 4, но нивниот најекспониран ракометар Петар Ненадиќ не успеа да го совлада исландскиот голман.

Доколку Србија победеше со четири погодоци разлика, тогаш со сигурност ќе се најдеше на едно од првите три места во групата. Вака, Србите вечер ќе треба да навиваат за Шведска, односно скандинавската селекција да не загуби од домаќинот Хрватска.

Доколку Хрватска победи, тогаш во следната фаза ќе продолжат Хрватска, Шведска и Исланд, но доколку Швеѓаните одиграат нерешено, или пак победат, тогаш Србија ќе заврши како трета во групата, поради подобриот меѓусебен дуел против Исланд.

Во вториот меч одигран денеска од 18:15 часот, Франција очекувано славеше над Белорусија со 32:25.