Ракомет

Собир на женска младинска ракометна репрезентација на Македонија

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години, по првиот собир кој го одработи минатиот викенд во Скопје, в сабота и недела (04 и 05 март 2017) ги продолжува подготовките за настап во квалификациите за ЕП 2017.

Собирот ќе се одржи во СРЦ Кале во Скопје, а ВД селекторот на репрезентацијата, Борче Марковски, ги повика следните ракометарки: Амра Иљаз, Јована Мицевска, Слободанка Кицевска, Пена Граматова, Анастасија Николовска, Анастасија Спировска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Ана Станикевска, Мери Арсениевска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сашка Филиповска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Марија Гугуљанова, Моника Георгиевска, Милица Николиќ, Михаела Камческа, Јована Владева, Ања Велкова.

Квалификацискиот турнир за пласман на ЕП 2017 во Словенија ќе се одржи во Скопје во периодот од 17 до 19 март 2017 година. Натпреварите ќе се играат во СРЦ „Кале“.

Македонија се наоѓа во група со Унгарија, Молдавија и Фарски Острови. Двете најдобро пласирани репрезентации од групата ќе се пласираат на континенталниот собир во Словенија што ќе се игра во периодот од 26 јули до 6 август 2017 година.