петок, 23. февруари 2018. Вести денес: 61
home Ракомет

Словенија ги загуби сите шанси за полуфинале

Словенија ги загуби сите шанси за полуфинале

Данска со победа од 31-28 против Словенија  ја почна главната фаза во рамки на Групата 2 на Европското ракометно првенство во Хрватска.

Избраниците на Веселин Вујовиќ не можеа да го изненадат фаворитот, кој имаше водство речиси во текот на целиот натпревар.

Данците го диктираа резултатот, но ниту еднаш не се одлепија повеќе од +2 во првото полувреме, кое заврши со 16-14. Во вториот дел, Данска повторно го имаше водството, а Словенија со сите сили се обидуваше да го достигне, но немаше сили за брзата игра на противникот и многуте технички грешки (13) придонесоа за поразот од 31-28.

Ласе Сван постигна 11 голови за Данска, додека кај Словенија најефикасен беше Миха Зарабец со шест погодоци.

Со овој пораз Словенија останува на само еден бод и ги загуби сите шанси да се пласира во полуфиналето, односно да освои некое од првите две места во Групата 2.