среда, 19. септември 2018. Вести денес: 139
home Ракомет

Словенечките ракометари уште „летаат“- Јанц во стилот на Доленец ја потценува Македонија и по поразот

Словенечките ракометари уште „летаат“- Јанц во стилот на Доленец ја потценува Македонија и по поразот
during the EHF EURO Croatia 2018 - Preliminary round - Group C - Germany vs Montenegro in Arena Zagreb, Zagreb, Croatia, 13.1.2018, Mandatory Credit © HRS / Nebojsa Tejic

Еден од најголемите ракометни таленти во Европа, 21-годишниот Словенец Блаж Јанц по поразот од Македонија излезе со зијава слична на неговиот селектор, Веселин Вујовиќ.

– На крајот немавме среќа, се уште мислам дека сме подобра репрезентација од Македонија. Мораше да ги искористиме подобро одбраните кои ги имаше Скок во првото полувреме, а на крајот испуштивме можност да израмниме. Ова е големо разочарување Не сакам да зборувам за судиите, но на оние што следат ракомет се им е јасно без да се објаснува,  се пожали Јанц.

И Доленец мислеше дека Словенија е посилна

Ракометарот на Барселона и се закани на Македонија дека ќе ја „смачка” и на ова Европско првенство, зошто Словенците секогаш не победувале.

-Можеби не е вистинско време за пресметка, но изјавата на Јуре Доленец по повредата постојано ни одекнува во главата. Ракометарот на Барселона и се закани на Македонија дека ќе ја „смачка” и на ова Европско првенство, оти Словенците секогаш не победувале. Е оваа теорија на Доленец вечерва падна во вода. Македонија ја совлада Словенија со 25-24 во првиот меч на Европското првенство и дојде до два важни бода кои ни ги отворија портите за пласман во следната фаза, коментираа вчера македонските спортски портали.