среда, 25. април 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Следуваат два слободни дена за македонските ракометни репрезентативци

Машката ракометна репрезентација за Нова година ќе има два слободни дена или кратка пауза во периодот на подготовки за претстојното Европско првенство во Хрватска 2018. Следниот собир селекторот Раул Гонзалез ќе го има на 2. јануари.
Следуваат два слободни дена за македонските ракометни репрезентативци

На подготовките на македонската репрезентација се наоѓаат 21 играч, а според зборовите на селекторот така ќе се тренира и до последниот ден пред заминувањето за Загреб односно списокот на 16 играчи ќе биде познат на последните тренинзи.

Македонија во вториот дел од подготовките ќе одигра и два контролни дуели со Саудиска Арабија и со Србија, двата во Белград.

– Мислам дека два натпревара се доволни за добро да се подготвиме за првиот дуел со Словенија, кој е од голема важност. Добро се познаваме и долго време сме заедно и ќе можеме на тренинзите добро да се воиграме, изјави Филип Миркуловски.

На Европското првенство во Хрватска, Македонија е во групта Ц и првиот дуел со Словенија ќе го игра на 13.јануари, додека со Црна Гора дуелот е на 15.јануари, а против европскиот првак Германија нашите ракометари играат на 17.јануари.