Ракомет

Скандалозно однесување: Сопственик на фудбалски клуб претепа новинар (ВИДЕО)

Минатата недела ме критикуваше и ме третираше лошо. Сега решив се што имав со него. Го удрив со рака во лице и со нога во задникот, кажа Кристијан Константин, сопственик на швајцарскиот клуб Сион.

 

Сион го победи Лугано 1:2 на гостински терен во седмото коло од швајцарската фудбалска лига, а претседателот на гостите нападна телевизиски репортер и стручен коментатор со удар со раката во глава, па на подот го удри и со нога. Се тоа пред камерите кои се уште беа уклучени после натпреварот.

Ме удри три или четири пати, не можев да верувам

Но дека ниту Швајцарија не она што мислиме, покажа случајот со насилникот претседател и сопственик на Сион, иначе швајцарски архитект Кристијан Константин, кој клубот го купи во 2003 година кога беше на работ на банкрот.

-Прво ме нападна неговиот син, па тој. Силно ме удри три или четири пати. Бев шокиран, не можев да верувам дека тоа се случува. Неверојатно, кажа Ролф Фрингер, стручен коментатор, чии критики не му се допаднаа на Константин.

-Секако дека го критикував, но како што гледате, со своето однесување ги заслужил тие критики. Што е најлошо, мислам дека ова не е се на што е способен, додава претепаниот новинар и коментатор на телевизијата Телеклуб.

Насилникот: Вака јас ги решавам работите

Насилникот ладнокрвно дојде пред камерит откако го претепа новинарот и кажа дека тој така ги решава работите.

-Минатата недела ме критикуваше и ме третираше лошо. Сега решив се што имав со него. Го удрив со рака во лице и со нога во задникот. Чувството е добро. Можеби не беше џентлменски, но мора да се браниш кога некој ќе те нападне. Зборува глупости за мене со месеци, го предупредив, вели Константин.

Нападот дошол после критиките кои новинарот ги изрекол во емисијата „Kick-off“.

-Кристијан Константин е нарцисоиден тип кој мисли само на себе. Некои велат дека завеселува лигата со своите испади, но ја мислам дека од година во година прави само циркус, беа зборовите на Ролф Фрингер, поради кои доби ќотек

Познат насилник

Константин е инаку поранешен голман, кој бранел за ФК Лугано.

Откако го купи Сион во 2003 година, спасувајќи го од банкрот, менуваше тренери дури 38 пати, а и сам во два наврати седна на клупата. Тој е еден од најбогатите луѓе во Швајцарија, богатството му е проценето на 275 милиони швајцарски франци, но се чини дека овој пат парите нема да го извлечат.

Претепаниот фудбалски аналитирач ќе поднесе тужба, а швајцарската јавност апелира  насилникот склон на агресивно однесување и инциденти да се исфрли до фудбалот.

 

Тргнете ги ваквите од фудбалот

Од швајцарската лига отворија истрага, но насилникот мисли дека е недопирлив.

-Ќе се истражи ова? И што ќе се направи по тоа прашање? Па Фрингер не е службена личност и нема никаква функција во фудбалот, вели Константин, кој изгледа мисли дека смее да тепа луѓе со кои не се сложува затоа што не се членови на лигата, клубот или федерацијата.

Но судијата и помошникот кој ги нападна во 2004 година беа. Тогаш беше казнет со 24.500 евра.

Сега би било во ред вели швајцарската јавност, да го добие она што го заслужува, а тоа доживотно исфрлување од фудбалот.