Ракомет

Симовски повика 22 ракометарки за ЕХФ националната недела

Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација Симе Симовски, го објави списокот на ракометарки повикани за подготовки за време на ЕХФ националната недела кој ќе трае од 13 до 19 март.

Симовски се реши за 22 ракометарки, кои ќе се подготвуваат за квалификацискиот двомеч против Шведска за пласман на Светското Првенство во Германија 2017. Македонија, двата натпревари против Шведска ќе ги одигра на средината на јуни 2017 година.

Првиот собир ќе се одржи во Спортската Сала „Автокоманда“ во Скопје, на 13 март 2017 (понеделник) со почеток од 10:00 часот.

Повика добија следниве ракометарки: Матеа Серафимова, Драгана Петковска, Љупка Белмезова, Наташа Антиќ, Теодора Керамичиева, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Габриела Величковска, Елена Георгиевска, Ангела Тодоровска, Маја Трпковска, Александра Боризовска, Душица Георгиевска, Јована Саздовска, Сара Митова, Сара Ристевска, Наташа Нолевска, Марија Прленда, Ивана Гакидова, Сања Дабевска, Стефанија Мишевска.