Ракомет

Штербик: Со публиката можеме да го направиме финалниот исчекор до Келн

Искусниот голман Арпад Штербик оптимистички гледа на четвртфиналниот двомеч против Фленсбург во Лигата на шампионите.

sterbik

-Овде сме каде што сакавме да бидеме. Имаме еден противник кој многу го почитувам, освоија многу во изминативе години, сигурно нема да ни биде лесно. Но, мислам дека годинава имаме квалитетна екипа, а и ако ги погледнеме нашите резултати годинава, сметам дека имаме добри шанси. Убеден сум и верувам во нашата екипа, во нашата публика и во цела Македонија дека сме подготвени и ние како Вардар и македонскиот ракомет да го направиме тој чекор напред и да се пласираме на Ф4 во Келн, истакна Штербик на денешната прес–конференцијата.