недела, 19. август 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Штербик одбрани за финале- Шпанија пресилна за светскиот шампион Франција

Штербик одбрани за финале- Шпанија пресилна за светскиот шампион Франција

Изненадување во полуфиналето на Европското првенство, Шпанија со 27:23 го победи светскиот шампион Франција и утре во големото финале ќе се бори за златниот медал.

Шпанците го одиграа најдобриот натпревар на шампионатот кога најмногу требаше, а тоа го направија токму кога добија засилување во Арпад Штербик. Голманот на Вардар остави белег во првото полувреме, во период од 10 минути во кој Франција не постигна гол, а Шпанците почнаа да ја кројат победничката предност.

Франција играше фантастичен ракомет во двете групни фази од Европското првенство, многумина веруваат дека лесно ќе се прошетаат до златото, но на патот до него им застана Шпанија.

Во 18 минута беше 8-8, а до крајот на првиот дел Французите постигнаа само еден гол. Штербик не бранеше, но на двапати влезе и одбрани седмерец, дозволувајќи предноста да расте. „Фуријата“ и без тоа играше одлична одбрана и на одмор замина со 15-9.

Французите тешко се снаоѓаа и пред сопствениот гол, без некоја поддршка од Жерар и Димулан на голот, па водството порасна и до огромни девет разлика на 15-тина минути до крајот. Неминовно беше дека ракометната суперсила кога-тогаш ќе замавне и ќе се обиде да се врати, сепак притисокот во финишот на мечот не беше доволен. Шпанците изненадија со одличната одбрана, Францизите изгледаа немоќни во нападот, црн период им беше од 17 минута до 27, кога цели десет минути не можеа да постигнат гол. Во тој период Арпад Штербик одбрани два пенали.

Со серија од 6-0 дојдоа на 20-23 во 51. минута, ама Шпанците имаа психолошка сила да го задржат водството. Соле постигна седум гола, Ентрериос еден помалку, Коралес заврши со 10 интервенции, а Штербик одбрани три од четири пенали. Кај Франција, Сорендо имаше шест од шест, а Димулан запиша седум одбрани само во вториот дел.

Во вториот дел Шпанците дојдоа и до неверојатни девет голови разлика, Франција се обиде да се врати во мечот и покрај големата негатива но се што направи беше да го ублажи поразот.

Соле со седум голови беше најдобриот стрелец кај Шпанија, Ентрериот постигна шест. Родриго Коралес имаше десет одбрани, Штербик фати три пенали. Во составот на Франција Сорендо имаше шест од шест, Никола Карабатиќ реализираше само три пати.