вторник, 23. јануари 2018. Вести денес: 1
home Ракомет

Шпанија без неколку важни ракометари против Македонија

Шпанија без неколку важни ракометари против Македонија
during the EHF EURO Croatia 2018 - Preliminary round - Group D - Spain vs Denmark in Arena Varazdin, Varazdin, Croatia, 17.1.2018, Mandatory Credit © HRS / Sasa Pahic Szabo

Шпанија вчера во дуелот со олимпискиот шампион Данска во рамките од третото коло во Д групата во Вараждин настапи без двајца многу важни ракометари. Хулен Агинагалде беше заменет со Јосу Гони, заради проблем со грбот.

Селекторот Рибера го загуби и дефанзивниот столб Гедеон Гвардиола, чија повреда е уште посериозна. После првиот натпревар со Чешка, Анхел Фернандез поради повреда беше заменет со Аитор Арињо.

Враќањето на овие тројца ракометари може да се случи само во главнат групна фаза, каде еден од трите противници на Македонија ќе биде токму Шпанија.

Во таборот на „црвената фурија“ не владее преголем оптимизам и околу здравствената состојба на Агинагалде, кој најверојатно ќе го пропушти мечот против Македонија.