сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 64
home Ракомет

Русинот ја изненади македонската јавност- потврди дека се враќа во Вардар

Русинот ја изненади македонската јавност- потврди дека се враќа во Вардар

Рускиот интернационалец Сергеј Горбок, по две сезони минати во унгарски ПИК Сегед, од следната сезона се враќа во Скопје и повторно ќе го носи дресот на Вардар.

Она што sportclub.mk го најави пред извесно време, односно пред повеќе од три недели, сега го потврди и самиот ракометар.

Тој не играше на денешниот меч помеѓу ПИК Сегед и Вардар поради повреда, но во изјава за 24rakomet.mk потврди дека ќе се врати во Скопје.

„Да, да, јас мислам дека денеска или утре ќе има официјална изјава. Јас сум задоволен што се враќам дома“, изјави кратко Горбок.