Ракомет

Ристовска: Игравме дисциплинирано и заслужено триумфиравме

Македонската репрезентативка Сара Ристовска постигна шест гола во победата на Вардар со 31-19 на гостувањето кај Ларвик во 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

 

Во клучниот период од играта кога Вардар ја направи серијата од 7-0 и поведе со 16-9 во последните осум минути од првиот дел, Ристовска постигна четири голови од вкупно шест на средбата. Таа имаше реализација 6/6.

-Го почнавме натпреварот без притисок, се препуштивме на нашата игра. Имаше отпор од ривалот, па затоа и беше нерешено на почетокот. Со одбраните на Суслина и добрата игра имавме брзи контри и полуконтри, за да направиме разлика. Имаше голема дисциплина во нашата игра, и лесно и заслужено триумфиравме, изјави Ристовска.

Во следното коло Вардар е домаќин на Ларвик на 4 ноември во Скопје.