четврток, 19. април 2018. Вести денес: 164
home Ракомет

Раул не ги зема во Белград Томовски и Крстевски

Раул не ги зема во Белград Томовски и Крстевски

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес одлучи на двата пријателски дуела во Белград против Саудиска Арабија и домаќинот Србија да повика 19 ракометари. Меѓу нив не се голманот на Металург Мартин Томовски и средниот бек на Еурофарм Работник Горан Крстевски.

Македонија в четврток игра против Саудиска Арабија, а в петок со Србија.

По овие два натпревара репрезентацијата ќе се врати во Скопје по што Гонзалес ќе одлучи кого ќе поведе на Европското првенство во Хрватска кое стартува на 12 јануари.

Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Германија.