Ракомет

Ракометарките денеска против Исланд

Женската ракометна репрезентација на Македонија против Исланд ќе го заврши настапот во квалификациите за пласман во баражот за светското првенство 2017 – та во Германија.

По два одиграни натпревари на турнирот на Фарски Острови, избраничките на Симе Симовски се со половичен учинок од една победа и еден пораз.

Мечот помеѓу Македонија и Исланд е со почеток во 17ч.