недела, 18. февруари 2018. Вести денес: 46
home Ракомет

Ракометарите добија лесен противник за пласман на СП!

Ракометарите добија лесен противник за пласман на СП!

Македонија го доби својот противник за баражот за пласман на Светското првенство во ракомет кое следната година ќе се одржи во Данска и Германија. Двомечот ќе се игра во јуни оваа година.

Противници на нашите ракометари ќе биде селекцијата на Романија.

Македонските ракометари влегоа во улога на фаворити нашата селекција беше сместена во барабанот каде што беа селекциите што се носители на ждрепката.

Директен пласман на завршницата на Мундијалот кој следната година ќе се игра од 9 до 27 јануари, имаат обезбедено домаќините Данска и Германија, како и актуелниот светски првак Франција.

Место на завршницата ќе има и тимот кој ќе го освои европското злато во Хрватска.

Србија- Португалија

Литванија- Илсанд

Чешка- Русија

Словенија- Унгарија

Белорусија- Австрија

Македонија- Романија

Холандија- губитник од финалето