Ракомет

„Петка“ за Лазаров во дебито во Француската лига

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров имаше успешно деби во дресот на Нант на отворањето на новата сезона во Француската лига.

Лазаров постигна пет погододоци на гостувањето кај Маси и заедно со Давид Балагер Ромеу беа најефикасните во триумфот на Нант со 28:22.

Во 1.коло победи забележаа и другите два најголеми фаворита за трофејот. ПСЖ на домашен терен го совлада Иври, додека Монпеље пред своите навивачи го победи Шамбери.