петок, 19. јануари 2018. Вести денес: 1
home Ракомет

Митревски: Моето влегување можеби не беше клучно, но им даде дополнителен стимул и енергија на играчите

Сакам да им честитам на моите соиграчи за овие два бода, за победата, изјави голманот Никола Митревски
Митревски: Моето влегување можеби не беше клучно, но им даде дополнителен стимул и енергија на играчите

Еден од хероите на натпреварот против Словенија и победата од 25:24, секако дека беше и вториот голман Никола Митревски, кои со своите одбрани во клучниот дел од натпреварот ја врати Македонија во игра.

-Сакам да им честитам на моите соиграчи за овие два бода, за победата. Ете, моето влегување можеби не беше клучно, но им даде можеби дополнителен стимул на играчите, малце повеќе енергија. Почнавме да даваме голови во напад, во одбрана игравме добро, изјави Митревски.