Ракомет

Марковиќ го засилува ППД Загреб

Хрватскиот ракометен шампион Загреб во продолжение на сезоната ќе биде посилен за Жарко Марковиќ. 31-годишниот одличен десен бек ќе го поплни испразнетото место во Загреб по повредата на Давид Миклавчич.

Црногорецот од 2014 година настапува за репрезентацијата на Катар, а од пред неколку месеци е слободен играч, бидејќи неговиот поранешен клуб Ел Џаиш се распадна.

Еден дел од својата кариера Марковиќ го помина во македонскиот клуб Металург.

Настапуваше и за екипите на Ловќен, Будуќност, Веспрем, Гепинген, ХСВ и за репрезентацијата на Црна Гора. Во Европа се враќа по три години поминати на азискиот континент.