Ракомет

Манасков: Цврста одбрана и максимална концентрација против Тунис

Дејан Манасков многу искусно го кажа рецептот за победа против Тунис и смета дека улогата на аутсајдери во групата можеби ни одговара.

-Цврста одбрана, добар голман и максимална концентрација е клучот на успехот за мечот со Тунис. Многу сме мотивирани по поразот во Полска.

Утре секој од нас ќе гори од желба, но не треба да „изгориме“ и да ги искористиме шансите кои ќе ни се укажат.
Можеби првпат сме во ситуација на аутсајдери и верувам дека тоа може да ни биде од корист. Треба недостатоците на физички јаките и брзи Тунижани да ги искористиме. Нивната одбрана не е така силна и тука можеби имаме шанса, смета крилото на Рајн Некар Левен.