понеделник, 22. јануари 2018. Вести денес: 49
home Ракомет

Манасков останува во Веспрем до 2020 година

Манасков останува во Веспрем до 2020 година

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, ја продолжува соработката со унгарскиот тим Веспрем до 2020 година.

Откако Манасков мина една година во Вардар, а потоа и во германскиот Рајн Некар,  крилниот ракометар изминатото лето потпиша договор со Веспрем, со важност до 2018.

По прикажаното во првиот дел од сезоната, раководството на унгарскиот тим реши на Манасков да му понуди, а тој прифати, нов договор и тоа со важност до 2020 година.

Македонскиот репрезентативец игра одлично во дресот на Веспрем, а за унгарскиот првак досега настапи на 21 натпревар и постигна 64 голови.

Манасков веќе во понеделник треба да се приклучи на македонската репрезентација која ги започна подготовките за Европското првенство во Хрватска во јануари 2018 година.