среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 51
home Ракомет

Македонската ракометна репрезентација полека се комплетира

Македонската ракометна репрезентација полека се комплетира

Машката ракометна репрезентација на Македонија полека почнува да се комплетира. На денешниот тренинг во СЦ „Јане Садански“ беа присутни 13 ракометари, кои ги започнаа подготовките за Европско првенство кое во јануари ќе се одржи во Хрватска.

Комплетирањето на тимот се очекува во понеделник, за кога е закажана и првата прозивка на селекторот Раул Гонзалес.

Откако пред неколку дена со тренинзи започнаа Столе Стоилов, Гоце Ојлески, Горан Крстевски и Мартин Поповски, од денеска ним им се приклучија и голманите Борко Ристовски, Мартин Томовски, Златко Даскаловски и Никола Митревски.

На Гарсија Парондо асистентот на селекторот Гонзалес, на располагање му се ставија и интернационалците  Гоце Георгиевски и Велко Маркоски, како и играчите на Металург, Филип Кузмановски, Мартин Велковски и Жарко Пешевски.

-Нашата група е многу тешка, а за неа се збори долго време и постојано се прават комбинации. Сите мислат дека најважна е средбата со Црна Гора, но јас мислам дека грешат, треба максимално да влеземе на секој натпревар. Ќе бидеме незгоден противник и мислам дека можеме да дојдеме до изненадување“, изјави Пешевски.

Европското првенство репрезентацијата на Македонија ќе го отвори со дуелот против Словенија (13 јануари 2018), по која ќе следуваат натпреварите против Црна Гора  (15 јануари), па актуелниот европски шампион Германија (17 јануари).

Македонија натпреварите ќе ги игра во рамките од Ц групата во Загреб.