петок, 21. септември 2018. Вести денес: 134
home Ракомет

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Најдоброто од Кирил Лазаров (ВИДЕО)

На Светското првенство во Хрватска, во 2009 година, Лазаров го сруши рекордот во вкупен број постигнати голови на некој шампионат и постави нов – 92 голови.
МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Најдоброто од Кирил Лазаров (ВИДЕО)

Нашиот Кирил Лазаров е еден од најдобрите десни бекови во светот години наназад. Со 37 години е ветеран на Европското првенство.

Има повеќе од 160 настапи за националниот и повеќе од 1200 голови. Најдобар македонски ракометар во историјата и најголема македонска спортска ѕвезда.

На Светското првенство во Хрватска, во 2009 година, Лазаров го сруши рекордот во вкупен број постигнати голови на некој шампионат и постави нов – 92 голови.

Рекордер е и на Европските шампионати со 62 голови. Во кариерата има постигнато и повеќе од 1000 голови во Лигата на шампионите.

За репрезентацијата игра од 1997 година, а во кариерата играше за Пелистер, Загреб, Веспрем, Атлетико Мадрид и Барселона, а моментално игра за Нант.

На Јутјуб има видео од најдобрите моменти од настапите на нашата македонска гордост, кое може да го погледнете во продолжение: