Ракомет

Македонија ги доби ривалите во квалификациите за ЕП 2018 за ракометарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра во третата квалификациска група за Европското првенство 2018 заедно со Србија, Шведска и победникот од претквалификациската група А.

 

ep 2018 rakomet

По денешната ждрепка во Париз беа формирани и другите групи:

Група 1: Швајцарија, Украина, Хрватска и Норвешка.

Група 2: Италија, Словачка, Полска и Црна Гора.

Група 4: Португалија, Австрија, Русија и Романија.

Група 5: Исланд, Словенија, Чешка и Данска.

Група 6: Литванија, Турција, Германија и Шпанија.

Група 7: Квалификант од Б група, Белорусија, Унгарија и Холандија.

Европското првенство ќе се игра во Франција од 30 ноември до 16 декември 2018 година. Пласман на шампионатот ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група и најдобрата трето пласирана селекција.