среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 4
home Ракомет

Лино Червар дрско му одговори на Пепи Манасков

Лино Червар дрско му одговори на Пепи Манасков

Хрватскиот селектор Лино Червар му одговори на Пепи Манасков, легендата на македонскиот ракомет.

-Желбите се едно, а можностите друго. Лино е стар волк, но мислам дека неговото време помина. Најголем успех направи како селектор на Хрватска и ова му е благодарност за крај на кариерата, да се обиоде да го направи она што не го сторил досега. Ова му е награда од ракометниот сојуз на Хрватска, изјави Манасков неколку дена пред почетокот на Европското првенство во Хрватска.

На овој начин македонската ракометна легенда порача дека Червар овој пат нема да испорача добар резултат.

Актуелниот хрватски селектор не му остана должен, па одговори на неговите тврдења.

-Мислам дека на тоа не треба да се осврнуваме. Се чудам зошто нашите медиуми тоа го пренесоа? Тоа ми е многу интересно. Зошто? За да ме провоцираат, можеби да ме мотивираат? Јас сум еден од најтрофејните на ова подрачје. Штета човек, односно играч кој имаше добра кариера, а не го работи тоа повеќе…да си земе за право да ги оценува другите. Тоа е лошо за спортот. Тоа не е поради мене, мене никој не може да ми наштети. Знам што направив, дури и во Македонија. Тие не би имале репрезентација јас да не работев со тие деца, одговори Червар во разговор за РТЛ.