Ракомет

Лето во кое ќе се срушат сите спортски финансиски рекорди: Доаѓа и „ракометниот Нејмар“

Ова лето се „намерачи“ да ги скрши спортските финансиски рекорди. Западните медиуми откриваат дека еден од нив ќе го потресе и ракометниот свет.

Андреас Волф (26) е германски голман, кој официјално беше прогласен за најдобар чувар на мрежата на претходното Европско првенство во Полска, кој по се изгледа ќе стане и најскап, но и најплатен ракометар.

Волф би требало од Кил да премине во Веспрем за 2.6 милиони евра, што за ракометот е вртоглава сума на пари.

Тој во Кил дојде од Вецлар, а во германскиот гигант не е задоволен од минутажата па сака да си оди, а прв во редот за негов потпис е финалистот од минатогодишното ракометно финале во Лигата на шампионите.

Досега најспак трансфер беше оној на Никола Карабатиќ од Барселона во ПСЖ. Французите тогаш платија 1.8 милиони евра со годишна плата од половина милион евра.

Германецот во Унгарија би требало да добие годишна плата од 700 илјади евра па така освен најскап играч, ќе стане и најплатен.