Ракомет

Лазаров: Внимателно на секој натпревар, осминафинале е главна цел

Ракометната репрезентација на Македонија вчера го одржа последниот тренинг пред натпреварот со Тунис кој се игра денес и е прв на мундијалот во Франција.

kiril-lazarov

Капитенот Кирил Лазаров е внимателен пред средбата со Тунис, воопшто на овој мундијал не смееме да очекуваме премногу но јасно е дека оваа генерација на искусни и млади играчи може да дојде до добар резултат на Светското првенство.

-Знаеме дека од нас секогаш се очекуваат најдобри резултати, ние секогаш и се обидуваме да дојдеме до нив, но некогаш таквите очекувања знаат да бидат и нереални. Ние многу пати сме гореле во желбата да дојдеме до триумф на некој значаен натпревар, сметам дека овојпат не смееме да си дозволиме такво нешто, мораме да играме смирено, интелигентно, да ја користиме секоја шанса што ќе ни се укаже, на ова Светско првенство сите селекции играат цврста одбрана и мора да се намачите за да им дадете гол. Ќе видиме како ќе тече натпреварот  со Тунис, трениравме на ситуацијата „седум на шест“, подготвени сме да ги исполниме задачите што од нас ќе ги побара селекторот,изјави Лазаров за ТВ Нова.

Македонија и Тунис се среќаваат денес со почеток од 17-45 часот.