понеделник, 25. јуни 2018. Вести денес: 125
home Ракомет

Лазаров: Потпишуваме за нерешено против Германија

Во пресрет на утрешниот натпревар со Германија, тој вели дека Германците се можеби најдобра репрезентација на ова ЕП, но дека воопшто не треба да се плашиме од нив.
Лазаров: Потпишуваме за нерешено против Германија

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров на денешниот брифинг со новинарите во Загреб рече дека е задоволен од почетокот на шампионатот. Македонија има две победи од два натпревари на континенталното првенство и до крај на прелинимарната фаза останува средбата утре со Герамнија.

– Што се однесува до самиот меч со Германците, имаме нерешено од Ниш пред 6 години, тоа е позитивен резултат… Потпишуваме веднаш за нерешено против нив,  изјави Лазаров.

Во пресрет на утрешниот натпревар со Германија, тој вели дека Германците се можеби најдобра репрезентација на ова ЕП, но дека воопшто не треба да се плашиме од нив.

– Знаеме со кој играме, Германија е европски шампион, можеби и најквалитетната и најдобра по ростер репрезентација во овој момент на ЕП. Меѓутоа ни дава за право да се надеваме, гледајќи го мечот вчера со Словенија и она што се случуваше, дека може да се игра и против една таква Германија и воопшто не треба да се плашиме од името на противникот, туку напротив да ја играме нашата игра. Остануваат повеќе од 24 часа за да одмориме и мислам дека имаме многу што да покажеме. Вчера победивме меѓутоа имаше мало незадоволство кај нас поради некои сегменти од играта и сметам дека мораме подобро против Германија, рече тој.