недела, 23. септември 2018. Вести денес: 53
home Ракомет

Контроверзен текст на хрватски „24 сата“: Штетата за Словенија е направена и тука нема помош

Никако не сакаме да тврдиме дека со своите одлуки го подбутнаа Македонците до победа, тоа никако. Нашиот Киро Лазаров, борбениот пикер Стоилов и останатите момци во црвено победата апсолутно ја заслужија. Меѓу другото, тоа чесно го призна и Веселин Вујовиќ пред да „грмне“ кон ЕХФ за судењето, пишува во текстот.
Контроверзен текст на хрватски „24 сата“: Штетата за Словенија е направена и тука нема помош

Каква смисла има да се буткаш во прв плам покрај 4.000-5.000 македонски навивачи и барем 4.000 Словенци? Зошто тоа? Романските судии свиреа многу лошо, констатно во убиваа ритамот на натпреварот со безвезни фаули… , пишува хрватскиот портал „24 сата“.

И вака натпреварот беше страшен. Атмосферата величенствена! Преубаво беше да се видат црвено-жолтите бои на Македоцните на трибите и словенските навивачи во светлосино и зелено како со овации го поздравуваат Веселин Вујовиќ кога прв пат се појави во загрепската Арена, многу пред натпреварот да почне. Драмата беше до последната топка и победи Македонија, но каков натпревар би било тоа да не го упропастија со своето судење романските судии Дин и Дину, пишува во текстот на „24 сата“.

Никако не сакаме да тврдиме дека со своите одлуки го подбутнаа Македонците до победа, тоа никако. Нашиот Киро Лазаров, борбениот пикер Стоилов и останатите момци во црвено победата апсолутно ја заслужија. Меѓу другото, тоа чесно го призна и Веселин Вујовиќ пред да „грмне“ кон ЕХФ за судењето, пишува во текстот.

Проблемот беше константното наметнување на романскиот двоец кој од првата минута свиреше небулози. За пример, контрите и полуконтрите, главно на Словенија ги враќа наза поради 10-20 сантиметри и бараа топката да се изведе точно од местото каде се тие, да кажеме виделе прекршок на Македонците во нападот. И тоа не е еднаш, барем шест-седум пати на целиот натпревар, пишува „24 сата“

Па потоа критериумите за прекршоците и исклучувањата… Македонскиот пикер, кој е граден како трокрилен орамр и тешко е да го бутнеш без фаул, дава гол и притоа очигледно добива таков ќотек што останува да лежи подот. Но нема исклучување… А веќе во следниот напад на Македонците повторно фаул над Стоилов, но вообичаен ракометен фаул, ништо посебно и ете ги нив двајца. Сега судат исклучување, се вели во текстот.

Да не говориме за поништениот гол на Словенците кога натпреварот се кршеш поради фаул на пикерот во напад, а човекот беше со грб свртен кон противникот, примитопка и го даде ваљда најрегуларниот гол на целиот натпревар. Па секогаш прекинување на акциите на ситниот, но одличен плејмејкер на Словенците, Миха Зарабец, кога одбраната на Македонците е пробиена и целиот напад е веќе во завршна фаза, а за реализација на Словенците фали само уште шут или асистенција. Но Дин и Дину гледаат фаил без топка и се прекинуваат поради прекршок за девет метри?!, пишува во текстот.

Во својата анализа новинарот на „24 сата“ вели дека е добро што Вујовиќ и издржал да не полуд многу пред средината на второто полувреме, веројатно затоа што Словенија во првото полувреме долго држеше уверливо водство па ваљда мислел, ајде не е пенал, ама нема врска и така ќе ги довиеме. Но кога работите тргнаа надолу, а Македонија поведе, е тогаш и него му пукна филмот. Се фаќаше за глава, протестираше на секоја одлука, во чудо гледаше кога судијата му покажа жолт картон.

И тоа не е единствено што може да му се замери на Вујовиќ, што не реагираше многу порано ако веќе видел каде се тоа води. Што не удри со шаката на маса и викна: Дин и Дину, па во кој филм сте вие?! Дали ракометот се игра за вас или поради 10.000 луѓе со платена карта на трибините?, пишува во текстот.

За Словенија е штетата направена и тука нема помош, но за ЕХФ се уште не е касно уште на почетокот на првенството романскиот судиски пар да го пресели на трибините. Или најпросто да го испрати дома, уште малку да ја простудираат онаа книгичка со правилата на ракометната игра… За пример на другите, завршува анализата на „24 сата“.