среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 122
home Ракомет

„Јутарњи“: Киро и Македонците победија, Вујовиќ полуде

„Јутарњи“: Киро и Македонците победија, Вујовиќ полуде

„КАКВО ШОУ! Најлудиот натпревар на првенството во преполната Арена, Киро и Македонците во инфарктна завршница до победа, Вујовиќ полуде на судиите и делегатите“.

Со овој наслов, хрватски „Јутарњи лист“ го најавува текстот за големата победа на Македонија над Словенија.

-Мечот меѓу Македонците и Словенците е одигран во одлична тмосфера, двете репрезентации имаа поддршка од по најмалку 5.000 навивачи од трибините, а играчите на теренот понудија доста занимлив судир, од кој на крајот како победници излегоа Македонците, пишува „Јутарњи“.