четврток, 18. јануари 2018. Вести денес: 4
home Ракомет

Хрватите ги сакаат Македонците: Не ни требаат скржавите Словенци, подобро Македонија да оди понатаму (ФОТО)

„Фалангата“ повторно како и секогаш во голем број ја бодреа Македонија, а покрај резултатски може да се каже дека „Змајчеките“ беа покорени од Македонците и на навивачки план. 
Хрватите ги сакаат Македонците: Не ни требаат скржавите Словенци, подобро Македонија да оди понатаму (ФОТО)

Македонија на стартот ја победи Словенија на првиот натпревар од Европското првенство, а покрај одличниот резултат на нашите ракометари, како и секогаш и македонските навивачи оставаат главна трага каде и да игра Македонија.

„Фалангата“ повторно како и секогаш во голем број ја бодреа Македонија, а покрај резултатски може да се каже дека „Змајчеките“ беа покорени од Македонците и на навивачки план.

Не е тајна дека каде и да одат Македонците се омиелни меѓу домаќините, а посебно кај угостителите. Македонските фанови ги наполнија кафулињата и баровите низ Загреб, се испи и некоја чашка повеќе можеби, но сепак немаше никаков инцидент. Па секако не претставува изненадување зошто Македонците се секаде добродојдени гости.

Во фотографија која што ја објави порталот „Спорт 1.мк“ има еден коментар каде Хрватите велат дека не ги сакаат Словенците поради нивната скржавост и дека подобро е Македонците да одат во следната фаза.

-Ма и треба да одат дома, дојдоа со воз за пет евра, никој не ноќева и никој не пие, подобро Македонците да одат понатаму, барем ќе остават некое евро, се вели во еден од коментарите