среда, 26. септември 2018. Вести денес: 1
home Ракомет

Гонзалес се подготвува за игра без капитенот, настапот на Лазаров неизвесен

Ситуацијата со капитенот Кирил Лазаров се’ уште е неизвесна и под знак прашање е неговиот можен настап против Чешка, па затоа селекторот Раул Гонзалес приморан е да ја подготвува селекцијата и за игра без и со капитенот.
Гонзалес се подготвува за игра без капитенот, настапот на Лазаров неизвесен

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва го изигра последниот тренинг во пресрет на вториот дуел од главната фаза на Европското првенство во Хрватска со селекцијата на Чешка.

Ситуацијата со капитенот Кирил Лазаров се’ уште е неизвесна и под знак прашање е неговиот можен настап против Чешка, па затоа селекторот Раул Гонзалес приморан е да ја подготвува селекцијата и за игра без и со капитенот.

– Не треба да мислиме дека ни претстојат два меча. Треба да се фокусираме на Чешка, бидејќи мислам дека тие се нашето финале. Ситуацијата е добра. Ако победиме најверојатно ќе се бориме за петто место. Но ќе имаме шанси и за полуфинале. Не знаеме дали ќе може да игра Кире. Тој е под терапија и утре ќе биде познато каква е ситуацијата и тогаш ќе решиме што ќе правиме. Ќе треба да се обидеме да играме и без него, доколку не може да настапи. Екипата е навикната на играта со Кире, но ќе мора да пробаат и без него, рече селекторот Гонзалес пред завршната припрема за Чешка.

Натпреварот меѓу Македонија и Чешка се игра утревечер од 20:30 часот.