четврток, 19. април 2018. Вести денес: 161
home Ракомет

ФОТО: Оваа девојка ги освои симпатиите на Лазаров

ФОТО: Оваа девојка ги освои симпатиите на Лазаров

Капитенот на македонската ракометна селекција, Кирил Лазаров, им ја посвети победата над Словенија на навивачите кои ги бодреа од трибините во загрепската сала „Арена“, но една девојка доживеа да и се исполни сонот и да го сретне „македонскиот бомбардер“ по натпреварот, пишува порталот Дерби.мк.

Ива Радељевиќ е од Хрватска и нема никакви македонски корени, но со цело срце ја бодреше Македонија во триумфот над селекцијата на Словенија. Таа говореше на чист македонски јазик и на присутните им остави впечаток дека е една од оние кои допатуваа од Македонија за да ги бодрат ракометарите.

– Немам македонско потекло, но во нашиот клуб за македонско-хрватско пријателство има курсеви за возрасни за изучување на македонскиот јазик. Дополнително, јас помагам во одделот за односи со јавноста и ја одржувам нашата страница. Многу ја сакам Македонија, а денешната средба со Кире Лазаров ми е остварување на сонот,- рече инспиративната Ива за „Дерби“.

Повеќе прочитајте на Дерби…