четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 100
home Ракомет

ЕП ракомет 2018: Македонија пристигна во Загреб (ФОТО)

Македонија предводена од селекторот Раул Гонзалес во текот на денешниот ден ќе тренира во хрватската престолнина, а веќе в сабота ја очекува првиот дуел со Словенија.
ЕП ракомет 2018: Македонија пристигна во Загреб (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација претпладнево пристигна во Загреб каде ќе ги игра натпреварите од Ц-групата на Европското првенство кое почнува утре.

Македонија предводена од селекторот Раул Гонзалес во текот на денешниот ден ќе тренира во хрватската престолнина, а веќе в сабота ја очекува првиот дуел со Словенија.

Според најавите „црвено-жолтите“ ќе имаат голема помош од навивачите кои се очекува во илјадници да пристигнат од сите делови на Македонија, но и од дијаспората во Европа.

Покрај Македонија и Словенија, во Ц-групата се и селекциите на Германија и на Црна Гора.