петок, 19. јануари 2018. Вести денес: 1
home Ракомет

Дувњак се повреди, неизвесно дали ќе го продолжи шампионатот

Дувњак се повреди, неизвесно дали ќе го продолжи шампионатот

Хрватска синоќа го доби дербито со Србија (32:22), но најверојатно до крајот на Европското првенство го загуби Домагој Дувњак.

Во финишот на средбата Дувњак со помош на своите соиграчи го напушти теренот, откако ја повреди десната нога.

– Го повреди листот на десниот мускул. Најверојатно има пукнато мускулно влакно, соопшти селекторот Лино Червар, по натпреварот со Србија.

Останува по лекарските прегледи да се види дали Дувњак ќе биде во можност да им помогне на колегите од репрезентација до крајот на шампионатот.