сабота, 20. јануари 2018. Вести денес: 39
home Ракомет

Црногорски ракометар вмешан во афера со шверц на 200 килограми кокаин

Црногорски ракометар вмешан во афера со шверц на 200 килограми кокаин

Поранешниот црногорски ракометени репрезентативец Александар Свитлица е дел од аферата за шверц на 200 килограми кокаин од Јужна Америка во Германија, количество чија вредност се проценува на 50 милиони евра, пренесуваат германските медиуми.

Германското обвинителство го товари Свитлица дека го помогнал бегството на првоосомничените за шверцот, на тој начин што ги резервирал нивните авионски карти, им обезбедил преведувач и им позајмил поголема сума на пари.

Обвинетиот поранешен ракометар веќе бил на сослушување, по што минал една ноќ во притворот, а потоа бил пуштено на слобода.

– Мојот клиент нема ништо со шверцот на дрога. Во ниту еден од случаите не и помогнал на таа група, а парите кои се спомнуваат немаат ништп заедничко со дрогата, изјави адвокатот на Свитилица, Холгер Роштек.

Триест и петгодишниот Свитлица, кој е роден во Пријепоње, за ракометната репрезентација на Црна Горе има настапено на 30 натпревари, а во моментов е член на германскиот тим Минден.