Ракомет

Червар за прв пат се обрати пред нацијата: Тешко ми е, но Хрватска е мојата татковина!

Откако стратегот Лино Червар обелодини пред македонската јавност дека си заминува и дека повеќе нема да биде селектор на Македонската ракометна репрезентација, сега тој за прв пат се обрати пред својата нација.

lino červar

-Мислам дека сè е направено коректно. Одлуката беше тешка за мене, но Хрватска е мојата татковина, го реков тоа и во Македонија, во која поминав убави години и верувам дека ќе останеме во добри односи.

Што се однесува со ситуацијата со Металург, тоа мислам дека ќе помине полесно и дека нема да има дополнителни проблеми.

Овој петок, 66-годишниот Червар ќе се појави во Загреб, каде ќе ги заврши сите детаљи околу тимот, кој ќе го води до нова европска слава. Потоа следува неговата официјална промоција и почетокот на новата епизода со „коцкестите“.