Ракомет

Червар останува во Металург до крајот на сезонава

Лино Червар ќе остане на клупата на Металург до крајот на оваа натпреварувачка сезона, а потоа целосно ќе се посвети на работата со хрватската ракометна репрезентација.

cervar

Ова е е епилогот од средбата што хрватскиот стручњак ја имал со првиот човек на Металург, Минчо Јорданов, на која било договорено соработката да продолжи според планираното, до крајот на сезонава.

Разговорот минал во позитивна атмосфера, при што било решено токму трофејниот стратег да ги предводи „металурзите“ во плејоф разигрувањето.