Ракомет

Брест домаќин на завршниот турнир во СЕХА лигата

Извршниот комитет на регионалната ракометна Гаспром СЕХА лига донесе одлука завршниот „Фајнл фор“ турнир да се игра во Брест, Белорусија од 7-9 април.

seha liga

Домаќинот на турнирот Мешков Брест во полуфиналето ќе игра со Веспрем, додека македонскиот шампион Вардар ќе се сретне со ППД Загреб.

Полуфиналните натпревари се закажани за 7 април, а мечот за 3-то место и големото финале ќе се играат недела 9 април. Сите натпревари ќе се одигра во спортската сала „Палас Викторија“.

– На наше огромно задоволство Ф4 турнирот ќе го организира Мешков Брест и ние сме сигурни дека тоа ќе биде незаборавно искуство за ракометниот клуб Мешков Брест, за Белорусија, градот Брест, како и за навивачите и белорускиот ракомет воопшто. Клубот расте секоја година и заслужува да биде домаќин на најдоброто од регионалната ракометна, изјави Синиша Остоиќ, извршен директор на СЕХА – Гаспром лига.

Преносите од Ф4 ќе се емитуваат во девет земји, а во следните денови ќе биде позната и саатницата за натпреварите, како и начинот на кој заинтересираните од странство ќе можат да набават билети. За навивачите од Белорусија влезниците веќе се достапни за купување, соопштија од СЕХА.