петок, 23. февруари 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

АНКЕТА: Дури 80% од Хрватите се сложуваат со Борко дека времето го згазило Червар

АНКЕТА: Дури 80% од Хрватите се сложуваат со Борко дека времето го згазило Червар

Иако мал дел од хрватската јавност го нападна нашиот голман Борко Ристовски по вербалната пресметка со нивниот селектор Лино Червар, сепак најголем од  Хрватите се сложуваат со изнесените ставови на нашиот голман дека времето веќе го има згазено Червар.

Имено, еден од најчитаните хрватски портали Индекс.хр, пренесувајќи ги изјавите на Ристовски направи и анкета дали читателите се сложуваат со македонскиот голман, кој вели дека хрватскиот селектор е згазен од времето.

На оваа анкета, гласаа нешто повеќе од 12.000 читатели, од кои дури 80 отсто се сложуваат со она што Ристовски го кажува, а само 20% сметаат дека нашиот голман не е во право.

-Македонија е едно од најголемите изненадувања на ЕП, а голманите Митревски и Ристовски се најголеми јунаци на селекцијата која во вториот круг пренесе три бода, повеќе од актуелниот европски првак Германија, како и од брозената селекција од последното СП, Словенија. Минатата година, пред СП, Червар порача дека мора да ја подмлади репрезентацијата, па на списокот не се најде 35-годишниот Ристовски, пишува хрватски Индекс.

Ристовски во изјава за овој медиум вели дека неговото мислење за Червар нема врска со овој потег .

-Никој не може да ме увери дека Червар е вистинскиот тренер за толку моќна репрезентација како Хрватска. Се знае кои клубови влегуваат во Топ 10. Ако вас тие клубови ве сакаат, значи дека нешто знаете. Червар во Германија не го сметаат за голем тренер. Работеше во Итлаија, но колку што знам таму се игра фудбал, а ракометот не е спорт број еден. На Хрватска и’ посакувам се најдобро. Со Македонија, тоа е мојата омилена земја во која имам многу пријатели. Често доаѓам во Хрватска, и зима и лето. Ви посакувам многу успех на ЕП и навивам за вас, но без сомнение би имале повеќе шанси за полуфинале доколу имавте подобар селектор. Хрватска играше модерен ракомет кога ја водеше Славко Голужа. Кога треба конкретно да се зборува за ракомет, Лино кажува фрази и зборува општо. Тој е популист. Снима реклами, се занимава со политика, трча по пари и глуми дека е експерт, наместо навистина да се занимава со ракомет. Мислам дека на хрватската репрезентација и’ треба нешто друго, вели нашиот голман.

„Требаше само да се тргне за да не им смета на Балиќ, Метличиќ и екипата“

Индекс.хр пишува дека иако Червар со Хрватска освои девет големи медали, Ристовски смета дека тоа денеска не е мерило:

-Ги имаше Балиќ и Метличиќ, требаше само да се тргне за да не им смета. Хрватска денеска има најквалитетни играчи и поддршка од трибините, но за жал, нема вистински селектор. Македонија под раководство на Червар беше 15-та во светот, а сега сме само три бода оддалечени од полуфинале. Раул Гонзалез е подобар селектор од Червар, тоа не е спорно, вели Ристовски.

Борко: Немам комплекси, не сум лут, само сум искрен

На констатацијата на хрватските новинари дека Лино вели оти зборовите на Ристовски се провокација, Борко смета:

-Зошто би го провоцирал? Немам ништо од тоа. Новинарите ме прашаа каков е Лино и јас им одговорив. Сето тоа веќе му го кажав на Червар во лице, немам проблем со тоа. Јас сум играч на Барселона и остварив доволно во кариерата. Немам комплекси, не сум лут, само сум искрен.

Македонија во Хрватска ја пратат дури илјадници навивачи и тие ќе бидат нивни голем адут во борбата за полуфинале, додава хрватскиот протал.

-Преубаво е чувството да се видат наши луѓе на трибините. Одлично се чувствуваме во Хрватска, вашите навивачи исто така беа голема поддршка. Верувам дека така ќе биде и во Вараждин.