Останати спортови

Закани за силување, убиство и егзекуција за тенисерот кој загуби од Ѓоковиќ

Британскиот тенисер Кајл Едмунд, добил одвратни пораки на Фејсбук по поразот од Ѓоковиќ на Индијан Велс.Тој потоа го направил чекорот кој сигурно многумина ќе го направат, јавно објавување на пораките и профилите од кои се испратени пораките.

kyle_edmund_davis-large_trans_NvBQzQNjv4BqqVzuuqpFlyLIwiB6NTmJwfSVWeZ_vEN7c6bHu2jJnT8

22 годишниот Кајл Едмонд загуби на стартот од Индијан Велс од Новак Ѓоковиќ, и тоа не изгледаше така страшно, се додека на негова адреса не пристигнаа ужасни пораки од одредени луѓе.

-Треба да те силуваме, да те егзекутираме, да те сечеме на парчиња и да те фрлиме на дивите свињи, била една од пораките кои му биле испратени.

-Ужасен си и грд, се плашиш да победиш голем играч и секогаш ќе биде глуп „chalenger“ без победа, стои во друга порака која е испратена до Едмунд.