вторник, 20. февруари 2018. Вести денес: 67
home Останати спортови

ВИДЕО: Олимпијка изведе еден од најтешките елементи во лизгање

ВИДЕО: Олимпијка изведе еден од најтешките елементи во лизгање

Американската лизгачка од јапонско потекло Мираи Нагасу на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг изведе троен аксел, елемент кој ретко се гледа во женска конкуренција.

Тоа е еден од најтешките елементи во овој спорт, а Нагасу стана првата Американка која го извела на зимските игри и трета лизгачка во историјата.

Иако тројниот аксел таа го изведе за време на тимското натпреварување, сепак тимот на САД дојде само до бронзата, додека Русите беа втори, а Канада е новиот шампион.