Останати спортови

Вавринка обезбеди осминафинале во Индијан Велс

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако ноќеска го победи Филип Колшрајбер со 2:0, по сетови 7:5 и 6:3.

vavrinka

Вавринка кој е трет носител на овој турнир во осминафиналната фаза ќе игра со Јошито Нишиока од Јапонија.

Од фаворитите ноќеска место меѓу 16 најдобри на престижниот турнир во САД уште изборија Давид Гофин и Гаел Монфилс.