Останати спортови

Вавринка избори полуфинале на мастерсот во Индијан Велс

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерс турнирот 1000 што се игра во Индијан Велс.

USA TENNIS BNP PARIBAS OPEN

Тој ноќеска по голема борба го совлада Доминик Тием од Австрија со 2:1 во сетови во решавачкиот сет во тај брекот беше 7:4 на поени.

Негов противник во полуфиналето ќе му биде Пабло Карено Буста од Шпанија, кој исто со 2:1 во сетови го победи Пабло Куевас од Уругвај.

Другите два четвртфинални меча Рожер Федерер – Ник Кирјиос и Џон Сок – Кеи Нишикори се играат вечерва.

Кај жените Каролине Вознијацки (Данска) загуби од Кристина Младеновиќ (Франција) со 2:1 во сетови, а Елена Веснина (Русија) беше подобра од Венус Вилијамс (САД) со истиот резултат.

Веснина против Младеновиќ ќе игра во полуфиналето вечерва, додека втората финалистка ќе биде подобрата од мечот Каролина Плискова (Чешка) и Светлана Кузнецова (Русија).