Останати спортови

Вавринка и Федерер во четвртфиналето на Индијан Велс, Ѓоковиќ елиминиран

Швајцарците Стан Вавринка и Роџер Федерер се изборија за четвртфинале на Мастерсот во Индијан Велс, САД, додека вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ загуби од Ник Киргиос и е елиминиран уште во осминафиналната фаза.

federer

Во ноќешните мечеви Федерер го совлада Рафаел Надал со 2-0, по сетови 6:2 и 6:3, Вавринка беше поуспешен од Јошито Нишиока со 2-1 (3:6, 6:3 и 7:6), а победа забележа и Доминик Тим над Гаел Монфилс со 2-0 (6:3 и 6:2).

Претходно Киргиос го совлада Ѓоковиќ со 2-0 (6:4 и 7:6), а место меѓу осумте најдобри избори и домашниот тенисер Џек Сок кој во три сета беше поуспешен од Мелк Жазири од Тунис.

Двојки за четвртфиналето:
Карено-Буста – Куевас,
Вавринка – Тим,
Сок – Нишикори и
Федерер – Киргиос.