Останати спортови

УС Опен: Коко Вандервеге ја победи првата носителка Каролина Плишкова

Американката Коко Вандервеге успеа да се пласира во полуфиналето на УС Опен откако вечерва во првиот натпревар од деншената програма ја победи првата носителка Каролина Плишкова од Чешка.

Вандервеге беше подобра во два сета со 7:6 (7:4) и 6:3 во гемови. Вандервеге е третата Американка од три тенисерки колку досега изборија пласман во полуфиналето.

За Вандервеге ова е второ полуфинале на Грен слем турнир откако на почетокот на годинава играше во полуфиналето на Австралија Опен.

Плишкова која е прва носителка не успеа да го повтори успехот од лани кога играше во финалето.

Во второто четвртфинале вечерва кај жените играат Медисон Кејс (САД) и Каја Канепи (Естонија).

Во првото полуфинале кај жените ќе играат Венус Вилијамс и Слоун Стивенс.

Од мечевите во машка конкуренција во четвртфиналето во тек е дуелот меѓу Рафаел Надал и Андреј Рублев, а потоа е мечот меѓу Рожер Федерер и Хуан Мартин Дел Потро.