Останати спортови

Трета УСО титула за Надал

Шпанецот Рафаел Надал го победи Кевин Андерсон (Јужна Африка) со 3-0 синоќа во финалето на УС Опен за нешто повеќе од два и пол часа игра.

Првите два сета најдобриот светски рекет во моментов, ги доби со 6:3, а третиот со 6:4.

На тој начин Надал дојде до својата трета титула на Отвореното тениско првенство на САД.

Воедно, Шпанецот ја збогати својата колекција со 16-от трофеј од најголемите турнири, а по бројот на Грен слем трофеи е втор на вечната листа, зад Роџер Федер кој има 19, а пред Пит Сампрас со 14.