Останати спортови

Стивенс: Не ми се верува дека го освоив УС Опен

Сензационалната победничка на Грен слемот УС Опен, Слоун Стивенс по триумфот на турнирот на кој не беше ниту меѓу носителките изјави дека направила неверојатна работа.

 

– На почетокот на годинава имав операција на стапалото и ако тогаш некој ми речеше дека по неколку месеци ќе го освојам УС Опен, ќе му одговорев дека тоа е невозможно. Медисон е моја најдобра пријателка меѓу тенисерките и сакав да можам на кој било начин да го избегнам мечот со неа, но тоа е тенисот, изјави новата шампионка на Отвореното првенство на САД.

Американката Стивенс синоќа ја освои првата Грен слем титула во својата кариера по победата над сонародничката Медисон Киз во финалето во Њујорк со 2-0 во сетови.