четврток, 24. мај 2018. Вести денес: 74
home Останати спортови

Ставре Јада последен во квалификациите на спринтот

Ставре Јада последен во квалификациите на спринтот

Симболичен беше денешниот настап на Ставре Јада, првиот Македонец кој се појави на Зимската олимпијада во Пјонгјанг.

Јада се појави на стартот на квалификациската трка спринт класично на 1,4 км. и заврши на 80.место.

Македонецот на целта стигна со време 4:23.85 минути, односно 1:15.31 минута побавно од првопласираниот.

Најдобро време во квалификациите оствари Ристомати Хакола – 3:08.54 минути.

Пласман во следната фаза обезбедија најдобрите 30 спринтери.