Останати спортови

Спасески оствари средба со раководството на Светската хокеј федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска оствари средба со раководството на Светската хокеј федерација предводена од Петр Бриза, Харис Мукиќ и Ферхад Тозунлер. Делегацијата беше предводена од претседателот на Хокеј федерацијата на Македонија Никола Тасев.

Тема на средбата беше одржувањето на Годишниот конгрес на Балканската хокеј федерација, кој ќе се одржи утре во Скопје.

Раководството на Светската Хокеј Федерација го запозна Спасески со идните активности кои ќе ги реализираат во насока на развој на македонскиот хокеј спорт како и за чекорите кои ќе се преземат за поврзување и зајакнување на релациите на балканските држави за развој и поддршка на хокеј спортот.

Спасески им се заблагодари за поддршката што ја даваат на Македонија за развој на хокеј спортот во Македонија.