Останати спортови

Сон за секој маж: Шарапова лежи гола во кревет (ФОТО)

На почетокот на неделата, од Светската антидопинг агенција ја израдуваа Марија Шарапова и нејзините фанови со информацијата дека и е дозволено враќање на терените по суспензијата поради допинг.

ВТА и излезе во пресрет на Шарапова да настапи во Штудгарт, иако турнирот почнува два дена пред да и истече суспензијата на 26. април.

– Шарапова како поранешна грен слем шампионка и победничка на Завршниот турнир има право да бара неограничен број на специјални покани, вклучувајќи го и Штудгарт, соопштуваат од ВТА.

Русинката сега може да се опушти… како што и направила, па се пофали на Инстаграм.

Тенисерката прикачи фотографија на Инстаграм, на која таа лежи гола на кревет.

Шарапова беше казнета со 15 месеци надвор од терените поради користење на недозволената супстанца мелдонијум.

Таа првобитно беше суспендирана на две години, но Судот за спортска арбитража во Лозана (ЦАС) и ја намали казната за девет месеци.

Mood

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova) on